| четврток, 6 декември 2018 |

Водата носи кровови, превртува автомобили и семафори, луѓето „летаат“ по улиците: Страшно невреме во Германија

Силно невреме погоди многу градови во Германија. Во многу делови од земјата дождовите предизвикале и поплави.

Синоќа во Бохум две жени се здобиле со тешки повреди, бидејќи гром удрил во нив, додека се обидувале со мобилни телефони да го фотографираат невремето. Изгубиле свест, а очевидците повикале итна помош.

Едната жена завршила со повреди опасни по живот и доктори кај неа морале да извршат реанимација, а тешко повредена и е нејзината пријателка.

Веднаш по несреќата, пожарникарите добиле голем број повици поради градот и силните дождови, кои поплавиле многу подруми, а поради нив повеќето улици биле и непороодни.

Во најголемиот аеродром во Германија, во Франкфурт поради невремето откажани се повеќе летови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top