| четврток, 6 декември 2018 |

Mицкоски еуфорично пречекан од граѓаните во Гостивар: Ние сме тие кои што треба да си ја земеме судбината во свои раце(видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, продолжува со своите теренски посети низ градовите населените места во Република Македонија.

Голем број граѓани секојдневно доаѓаат на средбите со претседателот на опозициската партија, каде ги искажуваат своите проблеми и незадоволството од работата на власта, како и што е она што треба да се сработи, да се поправи.

Вчера Мицкоски еуфорично беше пречекан во Гостивар, каде граѓаните му изразија голема поддршка.

Мицкоски вчера во Гостивар посочи дека оваа влада се обидува да наметне колективна депресија и дека мора да се застане на патот на ова уништување и газење на гордоста и достоинството на граѓаните на Република Македонија.

-Се обидуваат да ни наметнат колективна депресија. Се обидуваат да го направат невозможното возможно, нереалното реално, лагата вистина, да не направат рамнодушни на нивната глупост, незнаење и отсуство на здрава памет. Само на тој начин граѓаните на Република Македонија да ги демотивираат да ги депремираат, и национално да ги деосознаат. Но ние ВМРО-ДПМНЕ, Македонија граѓаните на Република Македонија треба сложно да им кажеме на Зоран Заев и групата околу него дека овој пеколен план нема да им успее, ние ќе ве домонтираме и демаскираме, истакна Мицкоски.

Мицкоски им порача на сите присутни да не дозволат да бидат заплашени и да не подлегнат на заканите и притисоците од Заев и блиските негови соработници, бидејќи силата на една држава е народот, додавајќи дека на 2-ри јуни токму народот ќе му каже на Заев дека е доста со неговите погубни политики.

-Оваа недела ќе се обидат да ве заплашуваат, ќе се обидат да ви се закануваат. Нема да им успее, ако сите ние заедно сложно излеземе на 2-ри јуни, ќе им кажеме доста е! Ќе ве пратиме на крајот од денот на темната страна на срамот ѕидот на срамот на историјата Република Македонија. Ние сме тие кои што треба да си ја земеме судбината во свои раце. Оваа генерација политичари треба да го прати Зоран Заев дома. И ова што и се случува на Република Македонија, браќа и сестри има име и презиме не заборавајте Зоран Заев е името и презимето. Тој е виновникот за ова што и се случува на нашата татковина, Зоран Заев- порача Мицкоски.

Мицкоски истакна дека покрај лажно ветените 500-тини евра плата, 100 илјади денари плата за докторите, повисоки субвенции за земјоделците, поголеми пензии за пензионерите, поголем стандард за младите и живот за сите, Зоран Заев и СДСМ донеле само темнина, понижувања, чемер и јад за граѓаните на Република Македонија.

– Капиталните инвестиции се за два и пол пати помали споредено со првите 4 месеци со минатата година, буџетот го полнат со акцизата за гориво која ја покачија, што значи дека чепкаат од џебот на граѓаните но парите не ги трошат за капитални инвестиции, а платите сами предвидуваат со мивната фискална стратегија дека дури и за 4 години нема да достигнат 500 евра како што самите ветуваа, со други зборови лага до лага, истакна Мицкоски во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top