| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи верува дека дијалогот со Србија ќе заврши со меѓусебно признавањe

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска, по средбата со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц рече дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косовово сите меѓународни организации.
Според него, двете страни од дијалогот ќе излезат како победници.
– Со канцеларот Курц зборувавме за прашања од значење за Косово, рече Тачи, додавајќи дека тој добил поддршка од австрискиот канцелар за европскиот пат на Косово.
Косовскиот претседател е убеден дека Европската комисија ќе излезе со позитивен извештај во однос на процесот на визната либерализација, бидејќи според него, исполнети се сите критериуми.
Тој додаде дека успехот во процесот на визна либерализација им припаѓа на сите на политичката сцена, на медиумите, на парламентот и на опозицијата.
За време на својата посета на Австрија Тачи ќе се сретне со поранешниот австриски претседател Хајнц Фишер, поранешниот канцелар Волфганг Шисел и австриски официјални лица кои имаат “придонес за процесот на ослободување и независност на Косово”, се вели во соопштение од Кабинетот на Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top