Освојувачот на националниот фудбалски Куп на Македонија, Тетекс, денеска од 17.45 часот ја почнува европската приказна против ерменски Пјуник во првото квалификациско коло од Европа Лигата на УЕФА. Текстилците се домаќини на првиот дуел, а посакуваат да скројат победа пред реваншот во Ерменија, на 11 јули.
– Пјуник е фаворит, но ние имаме сили да направиме изненадување и да се избориме за пласман во следната рунда натпревари. Подготвени сме и верувам дека денеска ќе победи срцето на нашите фудбалери – вели шефот на стручниот штаб на Тетекс, Горазд Михајлов, пред денешниот натпревар.
Ерменците еднаш веќе играа против македонски тим, против Победа во квалификациите за настап во Лигата на шампионите, а ги паметиме мечевите по драконската казна за македонскиот тим. Победа поради местење беше суспендирана на 8 години од натпреварите што ги организира УЕФА, а Пјуник мина без казна. Патем, Ерменците и ја елиминираа Победа со триумф во Скопје и реми во Ереван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа
-
Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)