Лазаров најдобар стрелец во Лигата на шампионите
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Ларазов, влезе повторно во историјата на европскиот ракомет.
Лазаров кој со францускиот тим Нант е дел од фајнал-форот на Лигата на шампионите, веќе го стори тоа како прв играч кој со четири различни екипи настапил на завршницата.
Со петте постигнати гола досега во полуфиналето против големиот ривал ПСЖ, и вкупно 57 Кирил Лазаров стана најдобриот стрелец во историјата на завршните турнири во елитното натпреварување,оставајќи ги зад себе Чехот, Филип Јиха и Србинот, Момир Илиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.