| четврток, 6 декември 2018 |

Пророк откри: Пријовиќ и Филип ќе добијат ќерка, па следува развод!

Познатиот астролог Душан Величковиќ открива што ги чека Пријовиќ и Филип. Душан вели дека свадбата на естрадната двојка ќе ја надмине во популарноста на свадбата на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ и дека таа ќе биде настан на деценијата. Сепак додава дека постојат големи шанси Пријовиќ да има 2 брака, бидејќи, како што вели премногу млада влезе во ова.

– Александра е двојна Девица со Сонцето во прва куќа. Таа е силна личност, има Марс во Шкорпија и Јупитер во Стрелец. Тоа се планети кои даваат екстремно мочни потенцијали. Судбината на луѓето во знакот на Девица е цел живот да лечат комплекси и никогаш да не бидат свесни колку навистина вредат бидејќи самите на себе си вредат малку. Така е и со Александра која многу млада влета во сево ова, во сериозни естрадни води и меѓу луѓе на кои не им е дорасната. Нејзиниот потенцијал најдобро го сфати лепа Брена, која се заложи за целата емотивна приказна, бидејќи е свесна дека Александра е непресушен извор на пари, вели Душан и додава::

– Кога се гледа бракот, се гледа седмата куќа. овде таа има Сатурн и секој што барем малку се разбира во астрологија знае за што говорам. Сатурн му пречи на бракот, среќата и хармонијата. Дава партнер кој е премногу сериозен. Кога куќата на бракот , пак, ќе се најде во Риби, знае да укаже на два брака. Тоа го засилува Сатурн, особено што до брак доаѓа пред 30 години. Таа не би требало да се мажи толку млада. Но, нејзе и е потребно семејство. За тоа говори прогресивната месечина која неодамна влезе во куќата на Ракот, па не би било чудно таа наскоро да забремени. Можно е првото дете да им биде женско, открива астрологот.

– Проблемот почнува по венчавката кога се бројат парите, се сумираат резултатите. Венчавката е маркетиншка претстава-или да се претстави човек во некое светло или да направи пари. Нејзе оваа година и е година за брак, но, онолку колку што се умни, толку ќе бидат во брак. Но, гарантирано ќе има жестоки препреки и некој тогаш ќе им помогне. Ачлександра е дива по природа, родена е за на сцена, не за брак. Не треба тоа да и биде приоритет. Тука може да дојде до недоразбирање, бидејќи Филип не е Игор Којиќ, кој може да и биде потрчко на сопругатаи да кине карти на нејзините концерти. Сепак Филип е Лав во хороскоп и се зависи како ќе ги решаваат несогласувањата, истакнува Душан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top