Не се оптеретувам со зборовите на Шешељ, рече претседателот на македонското собрание Талат Џафери во интервју за српски медиум. Новинарката го запраша а коментира изјавата на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, дека тој е терорист.
–Бев повикан од страна на претседателката на Собранието. Излишно е да се зборува за изјавата на Шешељ. Не се оптеретувам со него. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука– нагласи Џафери.
Џафери не сака да коментира дали очекува некаков инцидент во Србија. Вели, моја обврска е да бидам на ниво на она што го претставувам, Собранието на Р.М.
Запрашан за албанското знаме во неговиот кабинет вели дека тоа не е албанско знаме, туку знаме на албанскиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)