Арпад Штербик е единствениот ракометар на Вардар во ЕХФ тимот на Лигата на шампионите, одличните одбрани на голманот се еден од клучните фактори и за освојувањето на ланската титула и за фактот што македонскиот тим повторно е во Келн каде што ќе го брани тронот.
Најдобро лево крило е Уве Генсхајмер од ПСЖ од кој има уште тројца ракометари, најдобар лев бек е Сандер Сагосен, а најдобар централен е Никола Карабатиќ, неговиот брат Лука е најдобар дефанзивец.
Најдобар пикер е Бјарте Мирхол од Скјерн, десен бек е играчот на Барселона Дика Мем, а десно крило е Давид Балагер од Нант. Од тимот на Кире Лазаров доаѓа и најдобриот млад играч, Ромен Лагард.
За најдобар тренер е прогласен стратегот на Монпелје, Патрис Канаје. Тоа значи дека најдобрите тренери од последните две сезони утре ќе ги водат своите екипи во полуфиналето меѓу Вардар и Монпелје.
The VELUX EHF Champions League 2017/18 All-star Team
@HCVardar @psghand @skjernhaandbold @FCBHandbol @HBCNantes @mhbofficiel #ehffinal4 #veluxehfcl pic.twitter.com/M5NtcJYXzX
— EHF Champions League (@ehfcl) May 25, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)