| четврток, 6 декември 2018 |

Голем инцидент во Киев: Маскирани хулигани нападнале фанови на Ливерпул во ресторан (видео)

Неколку навивачи на Ливерпул заработиле посериозни повреди откако вечерва се физички нападнати во центарот на Киев, градот каде во сабота се игра финалето на Лигата на шампионите.

Британските медиуми пренесуваат дека група маскирани хулигани влетале во локален ресторан и покрај физичкиот напад, фрлале со се што нашле во ресторанот по групата англиски фанови кои вечерале.

Полицијата уапсила само двајца од напаѓачите, а овој инцидент само ги зголемува стравувањата од вакви хулигански напади во пресрет на дуелот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top