Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија. Овие албански бизнисмени соработувале со италијански мафијаши од Ндрангета, пишува B92.
Истрагата тргнала по тој пат бидејќи Кучијак во своите текстови анализирал сомнителни зделки меѓу неколку албански семејства во Словачка.
-Работевме со Кучијак на досиеја кои се однесуваа на албанската мафија- изјавила за „Млад фронт“ истражувачка новинарка од Чешка која соработувала со Кучијак во истражувањата за италијанската мафија, нејзините врски со словачки политичари и злоупотреби со европски субвенции за земјоделство.
Според информациите на „Млад фронт“, словачката полицијата работи на повеќе од 10 верзии за можните организатори на убиството на Кучијак и неговата свршеница, чии тела беа пронајдени во нивниот дом на 26 февруари.
Сега е веќе напуштена оригиналната верзија дека убиството на младиот пар го организирала италијанската мафија за која тој ја напишал постхумно објавената статија. Полицијата проверува неколку словачки магнати и македонски Албанци кои соработувале со мафијата Ндрангета, меѓу другото и за извоз на месо во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка