Друштвото на писателите на Македонија распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија.
Песната или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со шифра на адреса: улица Максим Горки, бр. 18, 1000 Скопје, или преку електронска пошта на адресата: prazniknalipite@gmail.com најдоцна до 15 јуни 2018 година.
Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително и благовремено објавен.
Од ДПМ напоменуваат дека е потребно учесниците што ќе учествуваат по електронски пат да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија