| четврток, 6 декември 2018 |

„Балистите“ со нов скандал: Исвиркана македонската химна во Струмица! (видео)

Навивачите на новиот македонски шампион Шкендија, популарните „Балисти“, продолжуваат со своето скандалозно однесување на фудбалските натпревари кои се играат ширум Македонија.

Така, денеска неизбежно беше да остават свој печат и на финалето од Купот на Македонија, во кој ќе се соочат Шкендија и Пелистер.

„Балистите“ продолжуваат со своето скандалозно и националистичко однесување, па така покрај погрдните скандирања и навреди на сметка на македонскиот народ во последното коло од Првата македонска фудбалска лига, сега решија да ја исвиркаат и химната на Република Македонија пред самиот почеток на финалниот Куп натпревар со Пелистер.

За потсетување, Агенцијата за Млади и Спорт побара од ФФМ да го санкционира ваквото однесување на навивачите на тетовскиот тим со цел да се спречат понатамошни нивни испади, но очигледно во фудбалската федерација не си ја сфаќаат работата сериозно, па најверојатно повторно ќе премолчат и околу оваа ситуација, што нема да биде ништо ново, за разлика, секако, кога некои други навивачи ќе направат друг испад, на сметка на Шкендија, па тогаш тие ќе бидат неколкукратно повеќе казнети.

Со ова продолжуваат контроверзите кои ја следат Шкендија во изминатиов период, почнувајќи од навредите кон Вардар по освоената титула, одбивањето да го добијат трофејот пред натписот „шампиони на Македонија“, до прославата на титулата во Тетово со албански знаменца на Градскиот стадион. Сега, со исвиркувањето на химната само покажаа што мислат за државата во која живеат, а чие име, иронично, ќе стои покрај името на овој клуб кога ќе се извршува ждрепката за квалификациите од Лигата на шампионите.

 

извор: sportclub.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top