Навивачката група на Шкендија „Балисти“ наголемо се подготвува за следниот натпревар во рамките од квалификациите за Лигата на Европа. И сè е тоа добро, сè додека не стигна провокација од нивна страна дека натпреварот против Млада Болеслав ќе се игра националната арена во Скопје, која се вика „Адем Јашари“.
На плакатот со кој ги повикуваат сите што се приврзаници на клубот, воедно и Албанци од соседните земји, дека збирното место за натпреварот на стадионот „Адем Јашари“ ќе биде на плоштадот „Илирида“ во Тетово.
Адем Јашари, по кого е прекрстен најголемиот стадион во Македонија, е основач на УЧК и тоа во периодот кога на балканските простори мирот е на кревки нозе, а тој беше еден од најголемите борци за осамостојување на Косово од Србија.
На речиси сите натпревари „балистите“ истакнуваат транспаренти со националистичка содржина и карти на голема Албанија, ја исвиркуваат химната, извикуваат навредливи слогани против Македонците и се тепаат со полицијата. Капак на нивното безобразно однесување беше натпреварот на Купот на Македонија кога искршија столчиња и направија штета од десетина илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.