Букмејкерите во Англија не примаат повеќе уплати на облозите дека Луис Суарез ќе биде нов член на Арсенал, што е репер дека е можно таков сензационален трансфер и да се случи.
Одлично информираните обложувачници не сакаат да ризикуваат, а се претпоставува дека имаат информации за трансфер на Уругваецот од Ливерпул во Арсенал. Суарез најави дека сака да ја напушти Англија бидејќи трпи константен притисок од јавноста и од медиумите, по неколку инциденти што ги направи.
Ако премине во Арсенал, тоа ќе биде веројатно и најголемото изненадување во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.