Еден од најпосакуваните ергени во Велика Британија, холивудскиот актер Хју Грант, конечно ќе се жени, објавија британските медиуми.
Ѕвездата од „Четири свадби и погреб“ и ѕвездата на „Падингтон“ ќе се венча со мајката на неговите три деца, шведската телевизиска продуцентка Ана Еберстејн.
Грант (57) има вкупно пет деца, меѓу кои и две – Табита и Феликс – со поранешната партнерка Тинглан Хонг.
Еберстејн (39) првото дете со Хју го роди во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.