Славниот Хју Грант со години се борел со сексуалната зависност, а неговиот проблем бил толку голем, што му била потребна стручна помош.
Грант решил да ангажира стручна личност која ќе му помогне еднаш засекогаш да го реши проблемот кој го имал, а изборот паднал на преубавата Србинка, Јована.
Јована Хисмаер, лајф коуч, рекла дека е исклучително горда на својата соработка и успех кои ги постигнала со Грант.
-Хју имаше проблем со сексуалната зависност. Како и секоја друга зависност, таа се третира на еден специфичен начин. Тоа сега е се совршено решено. Тој е во среќна врска, има две деца, така што јас сум посебно горда- рекла Јована.
Таа е родена во Ниш, каде завршила Природно математички факултет. Меѓутоа за време на последната година на студии се упатила на екскурзија низ Европа. Тогаш го запознала човекот за кој се омажила, а со кој подоцна добила и деца. Јована прво се занимавала со моделинг, работела за големи светски куќи и брендови, за на крај да се реши за професија во која денеска е многу успешна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.