| четврток, 6 декември 2018 |

Хју Грант стана татко по вторпат

hju-grant

Хју Грант, познатиот британски актер стана татко по вторпат. Тој оваа инфорамција ја сподели со јавноста на социјалната мрежа „Твитер“, а ја пренесоа американските медиуми. Грант добил син, а името на бебето уште не се открива.

Ѕвездата од филмот „Четири свадби и погреб“ напиша дека е бескрајно среќен што неговата ќерка веќе има братче и дека тој и двете ги обожува.

Веста беше потврдена и од прес-агентката на Грант, Кери Гордон.

Првото дете на 52-годишниот Грант и кинескиот модел и актерка Тинлан Хун се роди во 2011 година. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top