| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо фудбалски натпревар крвничка тепачка за титулата во првенството на Косово (видео)

Решавачкиот натпревар за титулата во првенството на Косово помеѓу Приштина и Дрита имаше и трето полувреме во кое се случи војна помеѓу хулиганите од двата тима, кои не бираа средства меѓусебно да се пресметаат.

Воинствените навивачи крвнички се тепаа меѓу себе, имаше бркотница на излезот од градот Пеќ, а со видео камера беше овековечен и фактот што двете завојувани страни дури поќнаа и да се судираат со автомобили.

Полицијата едвај ја смири тензичната ситуација, а потоа објави дека најмалку десетина хулигани биле повредени, а исто толку приведени во станица.

Средбата заврши со резултат 0-0 што на гостинската екипа ѝ овозможи да ја задржи предноста од три бода пред приштинци, а со тоа и да дојде до шампионскиот трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top