| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанец обвинува: За 12.000 евра Заеви ми бараат да вратам 40.000 евра

Во третата епизода на „Блиц“ која ќе се емитува во понеделник на Телевизија Алфа во 22:00 часот, ексклузивно интервју со струмичанецот Митко Ѓорѓиев кој сведочи за лихварство и рекетарство од страна на семејството на премиерот Зоран Заев и нивната штедилница Пеон.

Во најавата за интервјуто, Ѓоргиев објаснува што му се случувало и како функционираат штедилниците на Заеви.

Телефонскиот број на штедилницата на Заеви не функционира, Пеон е дел и од случајот „Поткуп“, каде според обвинението и снимките, премиерот барал парите за поткуп да се остават токму во оваа менивачница.

Вице Заев, кој целосно недостапен за коментар од новинарите.

Власта се смени, семејно-картелскиот систем продолжи да функционира се констатира во интервјуто со претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top