| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари ги расплака гостите на приватната забава по венчавката

Кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл заврши со приватна забава за најблиските во Фрогмор Хаус, во близина на замокот Виндзор.

Околу 200 најблиски пријатели и членови на семејствата на Хари и Меган присуствуваа на забавата што ја организираше принцот Чарлс. На забавата, младоженците одржаа пригодни говори, а според присутните, принцот Хари ги расплакал сите кога со солзи во очите раскажувал како ја запознал Меган.

Принцот беше видно возбуден и емотивен и за време на формалната венчавка што ја следеа милиони луѓе ширум светот.

Хари и Меган, кои ја добија титулата војвода и војвотка од Сасекс, одлучија да не се бакнат на балконот на Бакингемската палата, туку на излезот од капелата во Виндзор и исто така решија да се прошетаат со отворена кочија низ Виндзор за да ги поздрават луѓето кои дојдоа за нивниот посебен ден.

Како свадбен подарок, принцот Хари ја даруваше неговата нова невеста со прстен со смарагд што ѝ припаѓаше на покојната принцеза Дијана.

Кралското семејство им се заблагодари на сите кои дојдоа од целиот свет за да им посакаат сѐ најдобро на младите.

Штотуку венчаната двојка се упати на вечерниот прием во класичен спортски автомобил со отворен покрив, а Меган блесна во втората свадбена комбинација – фустан на британската дизајнерка Стела Мекартни.

Новата кралска двојка нема веднаш да замине на меден месец, а првиот настан на кој официјално ќе присуствуваат како сопружници ќе биде прославата за 70-тиот роденден на принцот Чарлс во Бакингемската палата во вторник.

Британското кралско семејство им се зблагодари на сите кои дојдоа или ја гледаа свадбата на принцот Хари и актерката Меган Маркл, кои сега официјално се војводата и војвотката од Сасекс.

– Им благодариме на сите кои дојдоа во Виндзор и на сите оние кои ја следеа венчавката ширум Велика Британија, Комонвелтот и целиот свет, напиша кралското семејство на Твитер.

На церемонијата присуствуваа околу 600 гости, меѓу кои беа и личности од јавниот живот како Опра Винфри, Викторија и Дејвид Бекам, Џорџ и Амал Клуни, Елтон Џон, Том Харди и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top