| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Ставот ќе го кажеме по лидерската средба, мене лично ми се допаѓа Република Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствува на работната вечера од процесот Жан Моне што се одржува во одговор. Тој пред почетокот на вечерата одговараше на новинарски прашања.

Мицкоски беше запрашан што мисли за предлогот Република Илинденска Македонија, тој напомена дека треба да се почека лидерската средба за да одговори на ова прашање.

-Денес сме овде на завршната вечера кој што е дел од процесот Жан Моне. Ова е процес кој по наша иницијатива по состаноците во Брисел и со европската тројка и на наше барање беше преместен од куќата Жан Моне во Македонија. Тука сум на завршната вечера и очекувам да дознам од моите соговорници што се договорило за време на работниот дел од овој процес така да дури тогаш ќе ги имам прецизните детали. Што се однесува до вашето прашање да ја почекаме лидерската средба која ќе даде одговор на вашето прашање по што ќе имаме став, изјави Мицкоски.


На прашањето околу неговиот впечаток за преговорите, кажа дека треба да се почека утрешниот ден за да ги имаат информациите.

-Сега за сега немам впечатоци, за вакви сериозни теми сакам да располагам со прецизни информации. Јас сум сериозен човек и не би сакал да претпоставувам ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, гледаме од грчка и од македонска страна прилична какафонија така да ја почекаме лидерската средба во текот на утрешниот ден за да ги имаме информациите.

Тој беше запрашан и дали му се допаѓа предлогот Република Илинденска Македонија.

-Мене лично ми се допаѓа Република Македонија, изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top