| четврток, 6 декември 2018 |

Газдата на Спортинг им наредил на хулиганите да ги претепаат фудбалерите (ВИДЕО)

Португалските медиуми пишуваат дека упадот на навивачите во тренинг кампот на Спортинг е претходно договорен и дека во тоа им помогнало раководството на клубот и тоа не кој било од раководството, туку лично газдата на клубот.

Во последните неколку дена Спортинг Лисабон е пекол на земјата.

Играчи, кои се многу незадоволни во клубот и сакаат што побрзо да заминат откако влегоа во конфликт со претседателот на клубот, контроверзниот Бруно Де Карвалјо. Целата ситуација кулминира во вторникот кога хулигани упаднаа во тренинг кампот и ги претепаа играчите.

Нападнати фудбалерите на Спортинг Лисабон – Стефан Ристовски едвај спаси жива глава

Во Спортинг игра и Македонецот Стефан Ристовски, кој потекнува од школата на Вардар.

Извор близок до тренерот на клубот, Жорге Жесус открил за португалскиот весник „Публико“ дека зад нападот стои претседателот Бруно де Карвалјо.

Навивачите ги земаа работите во свои раце и физички го нападнаа голманот на нивниот клуб, Руи Патрисио во гаража, откако Спортинг изгуби 2:1 од Маритимо во неделата, пораз што значи дека следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.

Како што се пишува, Де Карваљо наложил хулиганите да ги натераат играчите на максимален ангажман пред важните натпревари последните месеци и на тој начин да ги преплашат.

Наводно тоа го направил на 6 април после поразот од 2:0 од Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на Европа. После тој натпревар Де Карваљо на Фејсбук напиша дека сите играчи кои учествувале во тој пораз се суспендирани.

Навивачите потоа почнуваат да им се закануваат на играчите кои ја сфаќаат ситуацијата. Бараат состанок со претседателот знаејќи дека тој го креира целиот циркус, а тој почнува да прави шоу.

Пред играчите им се јавил на водачите на навивачката група и ги прашал да кажат дали тој ги порачал заканувачките пораки. Играчите секако не поверувале во тоа.

Следната недела испаднаа од Атлетико во Лигата на Европа и покрај победата од 1:0, а крајот почна истрага за купување натпревари од страна на Спортинг во текот на минатата сезона.

Се тоа дополнително ги запали навивачите кои влетаа во клупскиот камп и почнале да ги тепаат играчите. Најлошо помина Бас Дост, стрелец на 34 гола за Спортинг оваа година.

Сега следуваат голем број заминувања од клубот, тренерот Жесус сака да замине, како и поголемиот дел од играчите. Медиумите пишуваат дека упадот во кампот е помогнат од управата на клубот.

Хозе Диого Салема, кој осум години бил шеф на обезбедувањето на тренинг кампот, истакна дека цело време вратата на кампот била затворена кога тимот би имал тренинг, како и дека камери имало насекаде, што овој пат не било случај.

Апсења во клубот на Стефан Ристовски, се местеле фудбалски и ракометни натпревари

 

Полицијата се жали дека снимката надзорните камери ја добиле 12 часа откако ги побарала и дека на нив се гледа само заминувањето на навивачите од тренинг кампот.

Додека траел циркусот камерите не работеле. Шефот на обезбедувањето открива дека после нападот добил повик од директор во клубот и му кажал во кампот да пушти автомобил. Со тој автомобил подоцна биле извадени шест водачи на навивачите, кои учествувале во нападот, но не се уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top