Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на пратениците во Парламентот им ги претстави членовите на неговиот нов Кабинет, истакнувајќи во својот говор дека неговата влада ќе и служи на нацијата.
Орбан во обраќањето нагласи дека местото на Унгарија е во Европа. – Додека и служиме на нацијата, нашето место е во Европа, рече Орбан, додавајќи дека европскиот економски центар „постепено се врти кон исток”.
– Враќајќи се во 1990 година, Европа беше нашата иднина, но денес ние сме европска иднина, истакна унгарскиот премиер.
Тој оцени дека Европа „ќе биде во опасност од масовни миграции уште многу години“ и повика на посилна заштита на надворешните граници на ЕУ.
Во новата влада на Орбан министер за надворешни работи и меѓународна трговија Петер Сијарто, за внатрешни работи Шандор Пинтер, а за финансии Михаљ Варга.
Со Министерството за одбрана ќе раководи Тибор Бенко, со ресорот правда Ласло Троксани, додека шеф на Кабинетот на премиерот, че биде Гергели Гулаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.