Фолкерката Сузана Гавазова која пред една недела, на изненадување на сите нејзини блиси пријатели и роднини, се сврши со Босанецот Јасмин, со кого беше во врска еден месец. Таа и идниот сопруг се запознале во Шведска на една семејна веселба, каде што Сузе била поканета да настапува, а Јасмин бил куќен пријател со домаќините.
– Јасмин е многу добар човек. Ме освои со својата скромност и несебичност. Тој знае да те ислуша кога треба, да ти даде совет, да ти помогне. Знае да ме насмее, да ме расположи. Тој е човекот на мојот живот, пресреќна сум што конечно го најдов – вели Гавазова за Вечер.
– Се знаевме една година. Уште кога се запознавме, веднаш се роди некоја искра меѓу нас. Потоа се немавме видено некое време, па се сретнавме пак на слава кај истите пријатели и така почна се – вели таа додавајќи – Бевме кај него дома, имавме гости. Ми рече дојди со мене да одиме да купиме чаши од маркет. Наместо во маркет, ме однесе на неговиот брод, клекна и ме побара за жена. Бев многу возбудена, не очекував такво нешто.
Според неа прстенот е преубав и е со голем дијамант. Официјалната веридба ќе биде крајот на овој месец, а свадбата се планира за идната година. По желба на Гавазова тоа ќе биде голема и спектакуларна свадба со многу гости и музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.