| четврток, 6 декември 2018 |

Шерон Стоун го прослави 60 роденден во Мајами и се вери со 19 години помладо момче (галерија)

Славната актерка го прослави 60 роденден и сеуште изгледа фантастично. Станува збор за Шерон Стоун која во едно неодамнешно интервју призна дека повторно е среќна во љубовта со своето момче Ангел Бофо, а јубилејниот роденден го прославија на плажите во Мајами.

Ангел е млад италијански бизнисмен, а се шушка и дека двојата се верила, бидејќи Шерон на плажа покажа голем дијамантски прстен на „важниот“ прст.


41-годипниот Италијанец и актерката цел ден поминаа на плажа не престанувајќи да се прегрнуваат и бакнуваат, а прв пат беа видени заедно во јануари годинава во Њујорк.


Од тогаш често патуваат заедно и уживаат, а ако се вистинити приказните за веридбата, ова на Шерон ќе и биде трет брак. Таа има и три посвоени синови: 17-годишниот Роан, 12-годишниот Лаирд и 11-годишниот Квин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top