| четврток, 6 декември 2018 |

Војската го тргна Морси, падна првата жртва (видео)

Egypt Protsts Intensify As Army Deadline PassesМохамед Морси веќе не е шеф на државата, објави египетската армија. Воениот врв, челниците на либералната опозиција и муслиманските и христијанските верски лидери ги усогласиле насоките за кус период на преодна власт по која ќе следат претседателски и парламентарни избори.

Во Каиро избиле судири меѓу поддржувачите на соборениот претседател Морси и полицијата во областа на џамијата „Рабиат ал Адавија“. Според очевидци, во судирите веќе загинало едно лице, а има и повеќе повредени. Плоштадот пред џамијата „Рабиат ал Адавија“ последните денови стана центарот на поддршката на Морси во Египет. Таму се наоѓаа десетици илјади поддржувачи на исламистичката власт.

Детали од договорот, остварен под покровителство на армијата, ќе бидат објавени во заедничкото соопштение на опозицискиот лидер, поранешниот челник на Меѓународната организација за атомска енергија, Мохамед ел Барадеи, патријархот на Коптската црква Теодорос Втори и шеикот на влијателниот исламски универзитет „Ал Азхар“, Ахмед ат-Тајиб, по повеќечасовниот состанок во Каиро.

Патријархот Теодорос Втори, од своја страна, нагласи дека сите решенија се донесени со љубов кон египетскиот народ и поради неговата иднина.

Опозицискиот лидер Ел Барадеи, пак, изјави дека ова претставува „рестартирање“ на револуцијата од 2011 година.

– Тоа беше одлуката на сите коишто учествуваа на советувањето. Го поддржуваме одржувањето предвремени претседателски избори – изјави шеикот Ат Тајиб.

Во соопштението на египетската армија од средата навечер се наведува дека привремено е суспендиран Уставот на земјата и дека челникот на Уставниот суд е назначен за вршител на должноста претседател на земјата. Според планот, ќе биде формирана привремена коалициска влада и комисија којашто ќе ги подготви предвремените претседателски и парламентарни избори.
Повикувајќи се на претседателски извори, државниот дневен весник „Ал Ахрам“ објави на своето интернетско издание дека армијата на претседателот Мохамед Морси во 19 часот по локално време му соопштила дека веќе не е шеф на државата.
Репортерот на „Ројтерс“ претходно јави дека тенковите и војниците ја опкружиле претседателската палата во Каиро, а советникот за национална безбедност на претседателот Морси изјави дека е во тек воен удар.
– Поради историската вистина, да го наречеме она што во моментов се случува со вистинско име – воен удар – изјави советникот Есам ал Хадад, предупредувајќи дека надоаѓа „страшно крвопролевање”.
Морси, кој произлегува од влијателното исламистичко движење Муслиманско братство, кое има широка поддршка кај масите, наводно се наоѓа во касарната на републиканската гарда којашто е опкружена со бодликава жица, метални препреки и војници, меѓутоа воени извори ги демантираат информациите дека претседателот е уапсен.
Порталот Аl Yawm Аl-Sabiya, пак, повикувајќи се на високорангиран извор во специјалните служби, пишува дека претседателот Морси се наоѓа во штабот на Главната управа на военото разузнавање.
Според египетските медиуми, армијата го соборила Морси откако не успеала да го убеди доброволно да си поднесе оставка и на негово место привремено е поставен претседателот на Уставниот суд.
Египетските вооружени сили, според нацртот на нивниот план за разрешување на кризата во земјата, е да се суспендира Уставот и да се распушти парламентот во кој доминираат исламистите, откако исламистичкиот претседател Мохамед Морси поддржан од исламистичкото движење Муслиманско братство, како и неговите противници од либералната опозиција до средата не постигнаа договор за поделба на власта, тврдат извори од армијата.
Началникот на генералштабот генералот Абдел Фатах ел-Сиси во изјавата од понеделникот побaра од претседателот Морси во рок од 48 часа да се договори со другите политички сили за поделба на власта и се закани дека во спротивно армијата ќе го спроведе својот план за иднината на земјата.
Морси го отфрли ултиматумот, а главната либерална и лева опозиција одбија да разговара со него и заедно со младите активисти побара негова оставка.
Изворите од армијата рекоа дека воениот врв има намера да постави преодна влада, којашто повеќето би ја сочинувале разни политички партии и искусни технократи, а која би ја водела земјата додека идните месеци не се подготват измени на уставот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top