| четврток, 6 декември 2018 |

Во Египет државен удар, крвополевање е неизбежно (видео)

egipetУлтиматумот, што армијата му го постави на исламистичкиот претседател на Египет Мохамед Морси да ги исполни барањата на демонстрантите и да поднесе оставка, истече денеска попладне.  Советникот за национална безбедност на египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека во државата во моментот се случува воен удар и се очекуваат насилства од армијата и полицијата врз приврзаници на претседателот.

– Ниту еден воен удар не може да успее при толку голем број сили без значителни крвопролевања –  изјави Есам ел Хадад, советник на Морси.

Неименуван претставник на опозицијата изјави дека во Египет „не се случува воен удар туку револуција“. Египетската телевизија „Ал Хајат“ јави дека Морси е во домашен притвор.

Извори од египетските безбедносни сили соопштија дека на Морси и на високи функционери на исламистичкото движење Муслиманско братство им е забрането да ја напуштаат државата во рамки на истрага за бегство од затвор во 2011 година.

Претставници на властите на аеродромот во Каиро потврдија дека имаат наредба да не дозволат патување на исламистички претставници, меѓу кои и врховниот лидер на Муслиманското братство Мохамед Балија и неговиот заменик Хаијрад Аш Шатер.

Египетската армија претходно ја опколи зградата на државната телевизија во Каиро со оклопни транспортери, а во зградата останаа само вработени кои се неопходни за емитување програма во живо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top