Мареј славеше со 3-2 во сетови, откако ги загуби првите два сета со 4-6 и 3-6.
Но, бодрен од домашната публика, Мареј успеа да се врати во игра, го освои третиот сет експресно со 6-1, ја зголеми самодовербата, а потоа го доби и четвртиот сет со 6-4.
Вердаско сепак не попушти така лесно, го чуваше својот сервис, се до единаесеттиот гем во решавачкиот петти сет, кога Енди Мареј направи брејк, а потоа и го освои својот сервис за да го комплетира маратонскиот меч.
Тој во второто полуфинале ќе се сретне со полскиот тенисер Јежи Јанович кој во четвртфиналето го победи сонародникот Лукаш Кубот со 3-0 (7-5, 6-4, 6-4) во сетови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.