| четврток, 6 декември 2018 |

Над 100 жени силувани во Египет (видео)

egipet_sudiriОколу сто жени биле жртви на сексуални напади на плоштадот Тахрир во текот на четирите дена од протестот против египетскиот исламистички претседател Мохамед Морси. Според „Хјуман рајтс воч“  се силувани најмалку 91 жена. Како причина наведуваат владеењето на клима на немање казна.

„Хјуман рајтс воч“ издаде соооштение, повикувајќи се на податоците на Египетската организација против сексуално вознемирување и напади која раководи со СОС линијата за жртви од сексуално злоставување, според која само во неделата имало 46 такви напади врз жени, 17 во понеделникот и уште 23 во вторникот, пренесуваат француските медиуми.

Втората група за заштита на женските права во Египет, Назра за феминистички студии, соопшти дека имало уште пет напади во петокот, додава „Хјуман рајтс воч“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top