| четврток, 6 декември 2018 |

Преку него поминаа два тенка и тој преживеа – Неверојатна снимка на еден Турчин

унел

Снимка од маж кој преживеа налет на два тенка во Истанбул за време на неуспешниот обид за пуч, а кој го забележаа сигурносните камери, стана хит на интернет. Сабри Унал (34) тврди дека тој само сакал да ги запре, па од таа причина легнал под нив.

-Вистински херои на целава приказна се ранетите граѓани, придонесов само со протест кој траеше минута – рекол Унал.

На снимката јасно се гледа како тој ја крева раката за да го запре тенкот, а потоа се фрла на земја кога сфатил дека тенкот нема да запре. Истото се случило и со вториот, па двата поминале преку него. Успеал да преживее бидејќи завршил меѓу гасениците.

-Фрлав камења на нив и им покажував да запрат, но тие тоа не го направија па истиот момент кога сфатив што се случува и дека ќе поминат преку мене се срушив помеѓу нив. Фала на Бог преживеав. Вториот тенк ми ја здроби раката- раскажал Унал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top