| четврток, 6 декември 2018 |

Австралиец кој поради својата посебна крв спасил два милиона деца, за последен пат седна на крводарителското столче

Крводарител од Австралија, кој поради својата ретка крвна група спасил, како што се верува, животи на повеќе од два милиони неродени деца со потреба од анти-Д имуноглобулин, во петокот во Сиднеј за последен пат донираше крв. Станува збор за 81-годишник кој дарувал крв 63 години, а сега заминува во пензија.

Опкружен со мајки и нивните бебиња, Џејмс Харисон за последен пат ја подал кон медицинскиот персонал својата „златана рака“ со цел да донира крв, посебна по тоа што постојано произведува високо ниво на антитела, кои се користат за производство на анти-Д инјекција.

Мајките и децата понекогаш немаат компатибилни крвни својства. Поради тоа, од неговата плазма се произведува анти-D имуноглобулин, која се дава на Rh-негативните мајки по раѓање на Rh-позитивно дете, со што се спречува развојот на Rh антитела.

По раѓањето на Rh-позитивно дете, Rh-негативната мајка добива инјекција со анти-Д имуноглобулин со цел да се спречи формирањето на антитела кои би ги нападнале црвените крвни зрнца на Rh-позитивните деца во следните бремености.

Донациите на Харисон им помогнале на повеќе од два милиона австралиски мајки безбедно да ги донесат на свет своите бебиња, објави Црвениот крст.

Харисон добил инспирација за крводарителство кога имал 15 години, во една ситуација кога требало да се соберат 13 литри крв за време на голема операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top