| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ – Дел Потро во полуфинале на Вимблдон

novak-djokovic_2602860b

Најдобриот тенисер на светот се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, победувајќи го Томаш Бердих. Ова е прва победа на Ѓоковиќ над Бердих во кариерата , на терен со тревна подлога, а вкупно 14-та во соегашните 16 меѓусебни дуели.

Ѓоковиќ славеше со 3-0 (7-6, 6-4, 6-3) во натпревар кој што траеше два часа и 15 минути.

Иако, според резултатот Ѓоковиќ изгледа како супериорен победник, сепак не му беше лесно да победи против незгодниот противник.

del potro

Речиси во исто време кога го заврши мечот во полуфиналето, Ноле, го доби својот противник за пласман во финалето.

Хуан Мартин Дел Потро исто така во три сета (6-2, 6-4, 7-6) го победи Шпанецот Давид Ферер, се пласираше во полуфиналето и закажа меч со Ѓоковиќ.

Во тек се двата преостанати четвртфинални дуели, меѓу Енди Мареј и Фернандо Вердаско, односно Лукаш Кубот и Јержи Јанович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top