| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво на Сања Илиќ: Обезбедувањето го претепа човекот кој направи инцидент (ВИДЕО)

Претставниците на Србија на “Евровизија 2018”, групата “Сања Илиќ и Балканика”, имаше фантастична изведба во финалето на “Евросонг”, но она што се случи пред него не беше пријатно. Имено, човек влета на сцената и го зема микрофонот на британските претставници за време на изведбата и извикуваше “нацисти”.
Сања Илиќ, опиша што се случи после тоа.


– Една ексклузивна вест за сите. На самиот крај на изведбата на Британката, тој влезе, и го зеде нејзиниот микрофон. Потоа дојдоа од обезбедувањето, го однесоа во ходникот пред Балканика и почнаа да го тепаат несвесно. Нашите луѓе беа во шок, тие едвај дојдоа на сцената, а Даница едвај пееше. Сè беше одлично и му се заблагодарувам на Бога што овој несреќен настан не влијаеше на нас од Балканика, но навистина не можам да верувам дека тоа се случи. Има толку многу чувари, луѓе кои ја завршуваат својата работа … Нема ништо да се направи, но ајде, Боже мој … “рече Сања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top