| четврток, 6 декември 2018 |

Гепарди им се пуштија на луди родители – излегле со децата да направат фини фотки (ВИДЕО)

 Едно семејство од Франција го посетило холандскиот сафари парк Бексе Берген, па за малку фалело да стане ужина за гепардите кои сакале да ги фотографираат. Лудите родители ги извеле и децата од автомобилот за да се сликаат со животните, иако правилата на паркот не дозволуваат напуштање на возилата додека трае прошетката низ паркот.

Го паркирале автомобилот и излегле додека гепардите лежеле во непосредна близина – и глупоста ја направиле двапати. Прво ги сминале, а потоа, за да ги посматраат од висина. Животните се вознемириле и им се пуштиле, а малку фали да ги уловат.

Видеото го снимиле посетители кои се во автомобилот зад лудите родители кои ги довеле во опасност децата, а и себе.

Директорката на паркот изјавила дека имале многу среќа, а најзагрозен бил малиот син, зашто гешардите ловат поситни пленови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top