Рафаел Надал мина навистина многу време на вчерашната прес-конференција по првиот пораз на земјена подлога кој го доживеа оваа сезона, пред се поради долгите прашања на новинарите кои во неколку наврати и го изнервираа шпанскиот тенисер.
Вчерашниот пораз од Тим значеше дека Надал ќе му го препушти првото место на АТП листата на Рожер Федерер, а дел од новинарите се обидоа да излезат со заклучок дека Австриецот полека почнува да станува најсериозна пречка за Шпанецот на земјена подлога. Тоа не му се допадна на Рафа кој ги потсети новинарите дека неодамна му препушти само два гејма во Монте Карло, а потоа на едно подолго обраќање на новинарот кој на крајот го запраша како ќе замине во Рим по поразот од Тим во Мадрид, Шпанецот со голема доза на иронија му одговори.
– Со авион…..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)