Економската состојба во земјава е полоша отколку лани – ова е мислењето на повеќе од половина од германските компании во земјава според анкетата што ја направи македонско – германското стопанско здружение. Сепак, Германците се оптимисти дека до крајот на годинава деловната клима значително ќе се подобри. И покрај тоа што Германците не сакаа директно да ја коментираат најавата на владата за зголемување на персоналниот данок, потенцираат дека секоја фирма се стреми да ги намали, а не да ги зголеми своите трошоци.
Во јавноста гласно се поставува прашањето за што се трошат парите од задолжувањата, кога капиталните инвестиции се на очајно ниво.
За 9.9% е падната платата во рударството, 6.3% во секторот за снабдување со електрична енергија, 11.7% пад бележат платите во транспортниот сектор, додека во секторот земјоделие платите паднале 6.11%, а во секторот уметност, забава и рекреација падот е 26.4%.
Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл покажува дека бавно оди сузбивањето на корупцијата на Западен Балкан. Од регионот најдобро рангирана е Хрватска, која е на 57 место, а најлошо рангирана е Македонија, која е на 107 место во 2017, за разлика од 90. место во 2016 година.
ВМРО ДПМНЕ наследи земја која беше на 105. место во светот по индексот на корупција, за да ја донесат на 62 место. Сега со политиките на актуелната власт земјата повтроно се турка кон дното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет причини за падот на вредноста на турската лира
-
Летав 30 метри – поранешниот голман на Каљари раскажува како го преживеал падот од надвозникот
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе