Од седми до 13 мај се одбележува Неделата на пелтечењето, во тек на која, логопедите ширум светот споделуваат информации за пелтечењето со цел подигање на свесноста за оваа комплексна состојба. Корисно е да се знаат фактите за пелтечењето за кои Фондацијата за пелтечење има објавувано пишани и видео материјали.
- Околу 76 милиони луѓе имаат пелтечење ширум светот или
- Еден отсто од светската популација има пелтечење;
- Мажите четири пати почесто имаат пелтечење во споредба со жените;
- Четири фактори играат улога во развој на пелтечењето
1. Генетиката – таа во отсто од случаите со пелтечење има улога во појавата на пелтечењето;
2. Детскиот развој – развојот на говорните и јазични способности кај детето, можат да имаат влијание;
3. Неурофизиологијата – кај лицата со пелтечење, процесирањето на говорот може да биде различно;
4. Динамиката на семејството – брзиот начин на живот може да придонесе во развојот на пелтечењето.
И не заборавајте дека вашето дете, сопруг, роднина, другарка, колега или комшија кој има пелтечење, не бара ништо од вас, освен трпение да го ислушате со внимание, да ја следите содржината на пораката а не формата, разговарајте со природен поглед во очи и интерес како и кога разговарате со некого кој не пелтечи и не му го завршувајте зборот, бидејќи тој или таа добро знае што сака да каже!
Нермин Теловска,
Логопед, магистер и специјалист за пелтечење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.