| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули поддржува навреди кон Турција и нејзиниот народ

Заменик-министерот од СДСМ Јани Макрадули на социјалните мрежи јавно поддржува навреди на Турција и на турскиот народ, реагира денеска Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ. Турција е наш поддржувач во сите политички процеси на меѓународна сцена и е поддржувач на нашето право во примена на нашето уставно име Република Македонија.

Ваквите написи, како конкретниот на Ивор Мицковски, го повредуваат чувството и на Турците кои живеат во Македонија. Тие се лојални граѓани на Македонија, работат и придонесуваат за нејзиниот развој. Ова молчење од страна на СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев може да значи одобрување на вакви постапки. Затоа ние сме загрижени дека со ова постои можност да се нарушат односите помеѓу Македонија и Турција. Повторно ги повикуваме и претставниците на СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев да излезат и јавно да се произнесат во врска со ваквите скандалозни постапки, рече Теловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top