| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен Виктор од „Идол“

– Изминатиов период беше прилично тежок за мене. Покрај работата и факултетот ми се случија безброј други работи кои не беа планирани, а една од нив беше и грабежот што се случи за време на празниците, во кој, додека јас бев на одмор во Битола, неколку души влегле во станот во Скопје и го превртиле, земајќи буквално се што имав вредно во него. Го зеле мојот деск топ компјутер, цела опрема за снимање и цел албум на кој работев пролетва и беше готов за издавање сега го нема – откри Виктор Апостолоски.

Откако сфатил дека одземеното нема да се врати, со помош на пријателите, семејството и многу работа се обидел да врати се што имал. Откако тоа се среди, сега има и нова песна на која е комплетен автор.

Следејќи го мотото на својата претходна песна „Не се предавам“, Виктор веќе напорно работи на новите песни, го подготвува албумот кој го најавува за есен и сними спот за најновата „Најважно од сѐ“, кој треба да го промовира деновиве. Новата песна e летна тема, со малку етно моменти и порака за опуштање, да се тргнат на страна грижите и тешкотиите што ги носи животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top