| четврток, 6 декември 2018 |

Премиери во „Синеплекс“

Викендов во „Синеплекс“ ќе има проекции на неколку премиери. „Зона Замфирова“2, „Прстени“ и „Големиот кинески ѕид“.
Убавата Зона ја игра младата Бранкица Себастијановиќ, додека улогата на Мане припадна на Милан Васиќ. Поминаа 15 години откога беше екранизирана оваа голема љубовна сага. Сценаристите Ивана и Мирослав Митиќ напишаа приказна за тоа што се случува во бракот на заљубените две години по нивното венчавање. Дејствието во филмот се одвива повторно помеѓу 1905 и 1908 година, а преку самата приказна е прикажана љубовнта и проблемите со кои се соочува младиот брачен пар.

Прстени (1)

 

Во „Прстени“ Џулија се загрижува за своето момче, Холт, кога тој ја истражува црната урбана легенда на мистериозната видеокасета, за која се вели дека ќе го убие гледачот седум дена од денот на гледањето. Таа се жртвува себеси за да го спаси нејзиниот дечко и со тоа пронаоѓа ужасно откритие: постои “филм во филмот” кој никој досега не го видел.

Great_Wall_IMG2_big

 Кога еден платеник (Мет Дејмон) ќе биде затворен во рамките на Големиот кинески ѕид, тој ја открива мистеријата позади едно од најголемите светски чуда. Како што оваа масивна структура е напаѓана од крадливи ѕверови, неговата потрага по богатство се претвора во ново патување на хероизам кога тој се придружува на големата армија на елитни војници соочувајќи се со незамисливо голема сила.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top