По првиот дел без голови, екипата на Јувентус синоќа одигра одлични втори 45 минути во кои успеја да постигне 4 гола против тимот на Милан и да стигне до Купот на Италија по 13-ти пат.
Бенатија го отвори резултатот со гол со глава од корнер, а потоа и Даглас Коста го совлада несигурниот Донарума за 2-0. Младиот голман на „Росоњерите“ направи и уште една грешка во 64-та минута која што резултираше со трет гол на Јувентус за осум минути и втор на Бенатија.
За крај, Калиниќ постигна автогол во 76-та минута од натпреварот и ги постави конечните 4-0 за четврта по ред титула во Купот на Италија за Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)