Со еден филм во официјалната компетитивна програма, со четири најнови остварувања што ќе бидат прикажани на филмскиот маркет, како и со неколку значајни промотивни активности, македонската кинематографија ќе биде дел од случувањата на 71 издание на престижниот Кански Филмски Фестивал, чиј почеток ќе биде означен вечерва со свечениот церемонијал.
Очите на светската филмска елита во следните десет дена ќе бидат вперени во француската престолнина на филмот, а Агенцијата за филм на РМ, со скромни средства подготви достојна редизајнирана презентација со многу значајни активности, кои ќе бидат сериозна шанса за промоција на домашната кинематографијата и ќе ги отворат вратите на македонските филмаџии за пробив на европскиот и светски пазар.
По деветти пат Македонија ќе учествува на филмскиот маркет во Кан со свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на земјите од Југоисточна Европа – SEE Pavilion no. 135 (заедно со уште седум земји од регионот, и тоа Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Кипар).
Како што веќе информираше Агенцијата за филм, во официјална фестивалска конкуренција ќе се прикаже филмот „Дивата круша“ во режија на Нури Билге Џејлан (копродукција меѓу Турција,Македонија,Франција, Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Шведска). Фестивалската проекција е закажана за 18 мај во 18:00 часот во салата Grand Thatre Lumiere, а проекциите кои се организирани за новинарите ќе се одржат во салата Debussy во 18:30 (press) и во салата Bazin со почеток во 18:45 (press)
На филмскиот маркет ќе се прикажат два најнови филма, и тоа „Хепинес ефект“ во режија на Борјан Зафировски (проекција на 14 мај со почеток во 9:30 часот во PALAIS B) и „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски ( проекција на 14 мај со почеток во 12:00 часот во PALAIS C)
Освен долгометражните, на маркетот за краткометражни филмови SHORT FILM CORNER ќе учествуваат краткомeтражните филмови „Една“ во режија на Вук Митевски и „Готлиб“ во режија на Крсте Господиновски.
–Филмот е најсилниот културен медиум и затоа сметаме дека неговата видливост на најзначајните филмски смотри во светот треба да биде максимално искористена за достојна презентација. Во изминатиов период активно работевме да подготвиме модерна и атрактивна промоција на македонскиот филм во Кан. Селекцијата на филм со македонско малцинско учество во главната конкуренција, е голем успех, но и другите проекции на филмскиот маркет не се помалку значајни. Иднината на малите кинематографии е во копродукциските проекти, а меѓу силната конкуренција во светот можеме да парираме само со добро организирана промоција за која годинава особено се потрудивме и внесовме многу новини“.
Денеска (9 мај), во дневните изданија на списанието „Холивуд репортер“ Агенцијата за филм закупи простор за објава со која ќе се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.
За унапредување и подобрување на активностите за промоција на Македонија како дестинација за снимање, Агенцијата за филм подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која посебно беа изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање. Оваа страница е отворена непосредно пред почетокот на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
По вторпат во историјата, Канскиот филмски фестивал се отвора со шпански филм