Психолошкиот трилер „Everybody Knows” на познатиот продуцент Азгар Феарди ќе го отвори овогодинешниот Филмски Фестивал во Кан, пренесува магазинот „Варајети“.
„Everybody Knows” е вториот филм на шпански јазик кој ја отвора оваа престижна филмска церемонија. Првиот беше „Bad Education” на продуцентот Педро Алмодовар во 2004 година.
„Варајети“ пренесува дека организаторите на Канскиот филмски фестивал наредните денови официјално ќе го најават филмот кој треба да го отвори фестивалот на 8 мај оваа година.
Во филмот се зборува за семејните интриги и моралните дилеми на жените чиј живот се променува откако ќе ја напуштат Аргентина и ќе заминат за Шпанија. Главните улоги ги толкуваат Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Рикардо Дарин.
Иранскиот продуцент Азгар Феради два пати е награден со Оскар за најдобар филм на странски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
Македонија како дестинација за снимање филмови се промовира во „Холивуд репортер“


