
Здравко Чолиќ објави спот за песна која ја посвети на својата сопруга, а во која за прв пат, не се појавува ниту една женска личност.
Спотот за нумерата „Тебе те чувам за крај“, сниман е во Лисабон, а Чола објасни зошто ја одбрал токму таа локација.
-Имав идеја спотот да се снима во Лисабон, со оглед на музиката, па режисерот на спотот и јас размислуваваме за тоа. Жанрот на песната е таков, да е тоа еден вид на салса, асоцира малку на фад и латино музика, некоја Португалија, некој полубразилијано и конечно изборот падна на Лисабон-открил Чолиќ.

Здравко добил улога на лутачки фотограф, кој прави колаж од фотографии. Склопувајќи ги во мозаик, а барајќи ја вистинската фотографија која ќе ја склопи мапата, Здравко публиката на крај ја доведува до финалната фотографија и ја открива жената кој ја чува за крај, неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


