| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Владата им дава шанса на луѓе како Џезаир Шаќири повторно да се интегрираат во општеството

Најголемото понижување на државата и исклучителна опасност за Република Македонија, за сигурноста и безбедноста на сите нејзини граѓани беше режимот на Никола Груевски, претходникот на Христијан Мицкоски, реагираат денеска од владејачкиот СДСМ во однос на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Таа опасност е отстранета со решителна акција на граѓаните и прогресивните демократски сили кои го поразија режимот со пенкало. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и беззаконието што ја загрозуваше иднината на државата заврши, иднината е обезбедена. Денес, Македонија е слободна, демократска, напредна, сигурна и стабилна држава, која чекори напред кон ЕУ и НАТО-, се наведува во партиското соопштение.

Воедно, се истакнува дека Владата предводена од СДСМ презема одлучни чекори за разрешување на напластените прблеми што ги остави ВМРО-ДПМНЕ во секој можен сегмент на опшеството и животот на граѓаните.

-Ресоцијализација на поединци и интеграција во едно општство што нема да ги дели граѓаните, туку ќе обезбедува фер шанса за сите, е концепт во кој СДСМ цврсто верува. Таквиот пристап овозможува оние што порано се гледаа низ нишан, како Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски, денес да се интегрирани во едно општество и да работат за интересите на државата- велат од владејачката партија.

Велат дека во овoj случај, преку законски ангажман, дадена е шанса некој да работи и да даде придонес за граѓаните и државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top