| четврток, 6 декември 2018 |

Летна школа во Центарот за современа уметност во Приштина

Проектниот простор Прес ту егзит информира дека Stacion – Центарот за современа уметност од Приштина го објави отворениот повик за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2018 година.

Презентација на проектот ќе се одржи на 9-ти мај (среда) во Музејот на Современа уметност во Скопје со почеток во 20.00 часот каде иницијаторот и организаторот на проектот Алберт Хета ќе го претстави проектот на летната школа, овогодинешната програма и можностите за учество и соработка.

Summer School as a School (SSAS) е уметничка и образовна платформа иницирана и имплементирана од Stacion – Центарот за современа уметност во Приштина во соработка со Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје, групата IRWIN, Cultural Center Rex / Fund b92, Белград, Art House, Скадар, Institute for Contemporary Art, Подгорица, Sonemus Association, Сараево, Independent Curators International – ICI, Њујорк.

Програмата на школата ќе се одржува во периодот од 16-ти јули до 2-ри август, 2018 година.

 

 

Stacion – Центарот за современа уметност во Приштина и партнерските институции, со иницирање на Летната школа како школа стремат кон формирање на прогресивен развоен модел на интернационална колаборативна образовна платформа со седиште во Приштина како и развивање на интердисциплинарен курикулум и вклучување на практичари и теоретичари на уметноста и културата од регионот и пошироко, со цел споделување на знаење и експертиза со останати учесници и публиката.

Програмата за 2018 година се состои од единаесет курсеви кои на учесниците и публиката ќе и овозможат единствено искуство преку модел на алтернативна уметност и образование.

Првично инспирирана од случајот на Косово, каде што системот за уметничко образование е воспоставен во средината на 70-тите години, Летната школа како школа е конципирана со намера да се обединат и споделат критички знаења, да се соочиме со критичните предизвици на нашето време, како и да се применат нови знаења и можности во уметничко образование и соработка со уметниците.

Летна школа како школа во 2018 година во програмата ги вклучува Julieta Aranda, Zdenka Badovinac, Carolyn Christov-Bakargiev, Sezgin Boynik, Boris Buden, Mladen Dolar, Linda Gusia, Jakup Ferri, Kate Fowle, Felix Gmelin, Laura J Kurgan, Thomas Keenan, Sami Khatib, Vjollca Krasniqi, Nita Luci, Meriton Maloku, Ari Benjamin Meyers with Sandhya Daemgen, Miran Mohar, Andrej Nikolaidis, Renaud Proch, Bernhard Rüdiger, Anri Sala, Jelena Vesić, Branimir Stojanović, Milica Tomić, Alenka Zupančič, Dardan Zhegrova и други.

Програмата на летната школа ги предвидува следните курсеви:

Курс 1: Средба со Универзумот на половина пат, со Џулиета Аранда (Julieta Aranda), 16-20 јули; Курс 2: Политички плакати? Што современата уметност и графичкиот дизајн имаат заедничко? со Миран Мохар (Miran Mohar), 16-20 јули; Курс 3: Протест, сликовност и уметност: феминистичка политика и пракса во постсоцијалистичкото и повоеното Косово, со Нита Лучи (Nita Luci), Линда Гусија (Linda Gusia) и Вјола Красниќи, 16-25 јули;  Курс 4: Насилство и визија: кон критичната теорија на гледање, од Сами Катиб (Sami Khatib),

19-27 јули; Курс 5: Искуство на непознатото и политиката во уметноста, од Бернард Ридигер (Bernhard Rüdiger), 23-31 јули; Курс 6: Ова е сликарска класа, од Феликс Гмелин (Felix Gmelin), 23 јули-1 август; Курс 7: Дискусија за уметничкото дело, со Милица Томиќ (Milica Tomić) и Бранимир Стојановиќ (Branimir Stojanović), 23-28 јули; Курс 8: Просторно истражување: права, податоци, мапи, со Лаура Курган (Laura Kurgan)  и Томас Кинан (Thomas Keenan), 29 јули-2 август 2; Курс 9: Глупави јазици: Незнаечки познавања, со Борис Буден (Boris Buden), 30 јули-2 август; Курс 10: Сериозни неможности (верзија на работилницата) од Ари Бенџамин Мејерс (Ari Benjamin Meyers) со Сандја Дамген (Sandhya Daemgen), 30 јули-2 август: Курс 11: Размислувајќи современо, со Зденка Бадовинац (Zdenka Badovinac), 30 јули-2 август 2018 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top