| четврток, 6 декември 2018 |

Летна школа за студенти од машински, техничко-металуршки факултет и ФЕИТ

Во текот на вчерашниот ден во склоп на фабриката Арчелор Митал Скопје, за прв пат се оддржа “Отворен Ден”, на кој сите заинтересирани студенти од трета и четврта година од ФЕИТ, машински и техничко-металуршкиот факултет, имаа можност да се запознат со програмата и условите на летната школа – “Инвестирај во својата иднина”.

500letna-s

Целта на оваа летна школа е да им понуди можност за практична работа на дел од студентите, прку која ангажираните во одреден период ќе бидат дел од оваа компанија, а истовремено истите ќе имаат можност и за вработување во неа.

По презентацијата, студентите имаа можност и одблиску да се запознаат со работата на компанијата, преку прошетка во погонот.

Програмата запонува на 10-ти јуни и ќе трае до крајот на летото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top