| четврток, 6 декември 2018 |

На Германија ѝ недостигаат пет милиони работници

До крајот на следната деценија на Германија би можело да и недостасуваат 4,9 милиони работници, а овој недостаток би ја чинел германската економија 525 милијарди евра, се наведува во студијата на консултанската компанија Корн/Фери.

– Најголема штета од недостигот на работна сила би можеле да претрпат компаниите во услужниот сектор, вклучувајќи го и финансискиот, каде до 2030 година би можело да недостасуваат 1,2 милиони работници, покажуваат резултатите од истражувањето.

Исто така, ќе биде погодена и машинската индустрија, која е главна извозна гранка на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top