| четврток, 6 декември 2018 |

Над 1.000 луѓе ослободени од заробеништво на Боко Харам (Видео)

Армијата на Нигерија соопшти дека спасила повеќе од илјада луѓе кои беа држани во заробеништво од страна на исламистичката група Боко Харам.

– Меѓу заробениците најголем број се деца и жени. Тие беа држени во четири села во областа Бама, во нигериската држава Борно, изјави портпаролот на нигериската армија, Тексас Чувку.

Тој додаде дека мажите биле принудени да се борат на страната на Боко Харам.

Чувку не наведе детали кога е спроведена и колку траела спасувачката операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top