| четврток, 6 декември 2018 |

„Тодор“ не се предава, следуваат нови врнежи и грмежи

Под влијание на циклонот „Тодор“ и во текот на денешниот ден времето во текот на предпладнево во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на истокот од државава додека на запад ќе има услови за слаб локален дожд.

Од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд.

Локално ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста за поретка појава на град.

Поинтензивни врнежи ќе има во западната половина на државава како и на крајниот исток каде локално може повторно да наврне позначително количество на воден талог.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени додека посвежо ќе остане на запад.

извор: Метеомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top